Катедра за ветеринарна хирургија

Предмет: ОПШТА ХИРУРГИЈА СО АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА 6.0 кредитни поени

Код: ФВМ 413

Студиска година: Четврта (VI)

Семестар: Седми (VII)

Вкупно часови: 90 (45+45)

Вид на предмет: Задолжителен предмет

Автор на програмата: Проф. Д-р. Пламен Тројачанец

Изведува: Проф. Д-р. Пламен Тројачанец, асс.м-р Ксенија Илиевска

Место кое предметот го зазема во ветеринарското образование: Предметот треба да ги поттикне студентите на примена на стекнатите знаење од применета анатомија, патологија,патолошка физиологија и фармакологија, за дијагностика на хируршките заболувања на животните, основна обработка на хируршки пациенти како и примена на методите за анестезијата и обезбедување интензивна нега на критичните пациенти.

Цел на предметот: Студентот да се оспособи за самостојна работа при секојдневната практична работа со животните. При тоа, студентот прегледува животни, воспоставува дијагноза и врши конзервативно и оперативно лечење на хируршки и ортопедски заболувања на животните. Посевно внимание се посветува на пректичните аспекти наанестезиологијата и интензивната нега.

Поврзаност на предметот со претходната и идната едукација: Предметот е тесно поврзан со сите предклинички предмети, особено со анатомијата, патолошката анатомија и микробиологијата и претставува услов за работа со клинички пациенти.

Литература

Задолжителна: Тројачанец П., Прирачник по општа хирургија, 2005, Факултет за Ветеринарна медицина Скопје; Тројачанец П., Основи на ветеринарна хирургија, Факултет за Ветеринарна медицина Скопје;

Препорачана: Slatter Douglas, Textbook of small animal surgery 2nd edtition, 2002 Sounders; Fossum Theresa W., Small animal surgery 2nd ed., 2002 Mocby; Thurmon J.C., Tranquilli W.J., Benson G.J.Lumb & Jones Veterinary Anesthesia 3rd edition. 1996, Williams &Wilkins; Perimatei D., Flo G., DeCamp C. Small animal orthopedics and fracture repair 2006 Saunders; Harari J. Small animal surgery 1996 Williams & Wilkins; Swaim S., Henderson R. Small animal wound management 1990 Williams & Wilkins; Vasić J., Osnovi veterinarske hirurgije 1996, Budić Z., Cvetković Z., Petković B. Anestezija malih životinja 1997 Prosveta; Veterinarski fakultet Beograd; Vjekoslav Srebočan, Hrvoje Gomerčić Veterinarski priručnik, četvrto dopunjeno izdanje, Zagreb

Предмет: СПЕЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА СО ОРТОПЕДИЈА 5.5 кредитни поени

Код: ФВМ416

Студиска година: Четврта и петта (IV и V)

Семестар: Осми и девети (VIII и IX)

Вкупно часови: 150 (90+60)

VIII семстар 2+4 (30+60)

IX семестар 2+2( 30+30)

Вид на предмет: Проф. Д-р. Пламен Тројачанец

Изведува: Проф. Д-р. Пламен Тројачанец, асс. М-р Ксенија Илиевска

Место кое предметот го зазема во ветеринарското образование: Предметот треба да обезбеди примена на стекнатите знаења на студентите од предходните дисциплини за дијагностика и терапија на хируршките и ортопедските заболувања на фармските животни, домашните миленици и копитари.

Цел на предметот: Студентот да се оспособи за самостоен преглед, дијагноза и изведување на најчестите хируршки интервенции кај фармските животни, домашните миленици и копитари. При тоа, студентот ќе се обучи да изведува хируршки преглед на пациенти, врз основа на анамнезата, клиничкиот наод и лабораториските испитувања да поставува дијагноза, да изведува конзервативно и оперативно лечење на хируршки и ортопедски проблеми кај фармските животни, домашните миленици и копитарите, како и да спроведе соодветна постоперативна нега и прогноза за конечниот исход. Обуката треба да ги развие и способностите за хумано и одговорно однесување со пациентите во текот на манипулацијата и скротувањето, правилен однос и комуникација со сопствениците и колегите.

Поврзаност на предметот со претходната и идната едукација: Предметот е тесно поврзан со сите предклинички предмети, особено со анатомијата, патолошката анатомија и микробиологијата и претставува услов за изведување на клиничката пракса.