Анкетата е наменета за студенти, универзитетски кадар и даватели на студентски услуги во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+. За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка, а времето за пополнување е приближно 10 минути.
Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025
Анкетата претставува важен инструмент за собирање информации за корисноста, познавањето и предизвиците при користење на Европската студентска картичка, а резултатите ќе помогнат во нејзино понатамошно унапредување на европско ниво.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека е распишан Конкурс за студентска мобилност за студирање и студентска мобилност за пракса/стажирање за летниот семестар во академската 2025/2026 во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата.
Краен рок за аплицирање за мобилност за пракса е 21 ноември 2025 година.
Со цел детално запознавање со програмите и можностите за студентска мобилност, ве информираме дека на 22.10.2025 год. (среда) со почеток од 13:30 часот во предавална 1 на ФВМС ќе се одржи информативна работилница за мобилност.
Подетални информации за конкурсот може да најдете тука.
Еразмус+ координатор за Факултет за ветеринарна медицина – проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (florinap@fvm.ukim.edu.mk)

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација: https://recruitment.jrc.ec.europa.eu/graduate-trainees?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAacx1DtUDccDoyoUWneL4mdRGatAmACO3tlY4q1DwSN0SLhysc7VYbBmfwtuXw_aem_-UExkctzLlrEjnPq0VkUhA
За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk“
Почитувани,
Ве информираме дека во тек е уписот на студентите на втор циклус специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна, на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Повеќе информации за студиската програма, можете да погледнете тука.

Почитувани бруцоши,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечен настан го означува почетокот на новата академска 2025/2026 година.
Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.
Во прилог Ви ја доставуваме официјалната покана .
Првиот академски час на Факултетот за ветеринарна медицина -Скопје, ќе се одржи истиот ден на 01 октомври 2025 година со почеток од 13 часот.
Ве очекуваме!

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Соопштение и потребни документи за упис на студенти на интегриран прв и втор циклус на студии
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Соопштение и потребни документи за упис на студенти на интегриран прв и втор циклус на студии
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите

Конкурсот за упис на студенти на трет циклус студии по Ветеринарна медицина и Безбедност на храна, можете да го погледнете тука.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Рокови за пријавување и запишување на кандидати
Упатство за начинот на пријавување на кандидатите


