КОНКУРС за уписи на нови студенти на ФВМ-С во учебната 2016/2017

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2016/2017 година, пријавувањето на кандидатите за ТРЕТИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 15ти септември 2016 година.

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во ТРЕТИОТ уписен рок има слободни места за 8 студенти во редовна квота и 15 студенти со кофинасирање.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

table

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

Потребните документи потребни за запишување на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се дадени во делот Потребни документи.

iknow

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.

[box type=”info” ]Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите што полагале државна матура во учебната 2015/2016, 2014/2015 и 2013/2014 година [/box] [box type=”info” ] Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите што полагале државна матура во заклучно со учебната 2012/2013 година[/box] [box type=”info” ]Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за кандидатите кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/08 година и не полагале државна матура[/box] [box type=”info” ]Преглед на бројот за запишување на странски студенти и износи на годишната школарина во учебната 2016/2017 година[/box]