Почитувани колеги, во периодот од 03.04.2017 до 07.04.2017 година во Предавална бр.3 на Факултет за ветеринарна медицина во Скопје ќе бидат одржани предавања од страна на проф. д-р. Златко Павлица од Факултетот за ветеринара медицина, Универзитет од Љубљана, Р. Словенија во рамките на програмата за визитинг професори на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Предавањата се од предметот Внатрешни болести на домашни миленици и копитари (6 семестар) на тема урологија и нефрологија:
1. Клинички знаци и дијагностика на болести на уринарен тракт.
2. Инфекции на уринарниот тракт.
3. Уролитијаза.
4. Уролошки синдром кај мачки.
5. Промени на урината.
6. олести на простата.
7. Полиурија и полидипсија.
8. Состојби на азотемија и уремија, електролитен дизбаланс, нарушување на ацидобазната рамнотежа, оксиметрија на гасови во крвта, кристалоидна и колоидна флуидна терапија.
9. Акутна и хронична бубрежна инсуфициенца.
10. Гломеруларни и тубуларни заболувања.