Во периодот 1-3.04.2019 година на Катедрата за болести на птиците при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје престојуваше визитинг наставник проф. д-р Данијела Хорватек Томиќ од Заводот за болести на живината со клиника при Ветеринарниот факултет во Загреб, Хрватска. Проф. д-р Данијела Хорватек-Томиќ ги одржа следните предавања во рамките на наставата по предметот болести на птиците за студентите од петта година:
Понеделник (1.04.2019):
- Кампилобактер во примарно производство на живината
- Кламидиоза
- Цревни вирози кај живината
Вторник (2.04.2019):
- Класификација на птици – домашни миленици
- Одгледување и исхрана на птици – домашни миленици
- Превентивна нега на птици – домашни миленици
Среда (3.04.2019):
- Апергилоза
- Кокцидиоза
- Ектопаразитози