Одржана Првата меѓународна работилница за превентивна медицина, 12.9.2019 год.

На 12 септември 2019 година, во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина се одржа првата меѓународна работилница за регенеративна медицина на тема: “Запознавање со клеточно базирани терапии и терапии со плазма збогатена со тромбоцити (ПЗТ): Клинички пристап” (1st International Regenerative Medicine Workshop: Introduction to cell-based and platelet rich plasma (PRP) therapies: clinical-translational approach).

На теоретскиот дел од работилницата беа поканети предавачи – светски познати експерти  (проф. д-р Луиза Паскучи [Luisa Pascucci], проф. д-р Мери Марфи [Mary Murphy], проф. д-р Френк Бери [Franck Barry] и д-р Ана Ивановска) кои ги споделија своите теоретски и практични сознанија за најновите достигнувања во областа на регенеративната медицина, како и примената и улогата на матичните клетки во ветеринарната медицина.

За време на практичниот дел, беше одржано воведно предавање од страна на проф. д-р Стефано Гроли  [Stefano Grolli], за улогата и примената на плазма збогатена со тромбоцитии (ПЗТ) во секојдневната пракса. Практичниот (лабораториски) дел се состоеше од подготовка на ПЗТ, каде учесниците поделени во две групи самостојно имаа можност да ја подговат плазмата и да ги забележат разликите помеѓу состојбата на гел и плазма.