Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

За учебната 2020/2021 година се распишува оглас за дополнителен избор на демонстратори како помошници во наставно-образовниот процес на прв и втор циклус интегрирани студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Огласот можете да го превземете тука.

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1520 од 24.11.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Застапеност на ехинококозата кај говедата при кланична инспекција во источниот регион на Република Северна Македонија, изработен од Јане Влахов, број на индекс 1267, на ден 02.12.2020 година во 11 часот, ќе се изведе од далечина. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Јована Стефановска (ментор)
  2. проф. д-р Искра Цветковиќ (член)
  3. проф. д-р Игор Џаџовски (член)

Известувањето и одлуката можете да ги превземете тука.

Почитувани,

Со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека во престојниот период Универзитетската ветеринарна болница ги превзема следните чекори:

  1. Универзитетската ветеринарна болница, работи непречено секој работен ден со почеток од 09 до 15:30 часот;
  2. При прием на пациенти, сопствениците задолжително треба да го почитуваат редоследот во чекалната, каде може да присуствуваат најмногу до двајца сопственици со својот миленик и задолжително е носење на заштитна маска;
  3. На приемниот дел во Универзитетската ветеринарна болница поставени се средства за дезинфекција на дланките, Ве молиме следете ги упатствата за редовна примена и ваша хигиена;
  4. Универзитетската ветеринарна болница работи на принцип со претходно закажување на термин за општи/специјалистички прегледи/елективни хируршки интервенции на следните телефонски броеви 071/269-471 или 02/3240 785;
  5. Прегледот, дијагностиката и третманот на миленици, ќе се спроведува без присуство на сопственикот, освен во случаи кога тоа е неопходно;
  6. Предност за прием, преглед и хируршки интервенции имаат домашните миленици кај кои се забележани симптоми на:
  • Акутна траума/крварење/акутен абдомен/отворени скршеници
  • Сомнеж на труење
  • Тежок пород/пиометра/вагинално крварење
  • Гушење, отежнато дишење
  • Интензивно повраќање/дијареа пропратено со симптоми на општа слабост, особено кај млади животни на возраст до 1 година
  • Крварење од природните отвори (усна, носна празнина)
  • Потешкотии при уринирање и дефекација
  • Сомнеж за дилатација/торзија на желудник и страно тело
  • Епилептни напади/офталмолошки и невролошки итни состојби.

 

За сите дополнителни информации, Ве молиме да се јавите на следните телефонски броеви: 071/269-471 или 02/3240 785 или да не контактирате преку нашата меил адреса uvb@fvm.ukim.edu.mk .

Со Почит,

Проф. д-р Ксенија Илиевска

Раководител на

Универзитетска ветеринарна болнива

Известувањето можете да го превземете тука.

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1451 од 09.11.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Утврдување на маснокиселински состав на кравјо и овчо сирење од различни производители во Република Северна Македонија, изработен од Ѓулсиме Муслиу, број на индекс 793, на ден 13.11.2020 година во 12 часот и ќе се изведе од далечина. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Зехра Хајрулаи Муслиу (ментор)
  2. проф. д-р Велимир Стојковски (член)
  3. проф. д-р Игор Улчар (член)

Известувањето и одлуката можете да ги превземете тука.

Резултати од континуирани проверки

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна