Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

Почитувани,

Врз основа на Одлуката бр. 12-276/3 од 15.2.2019 год. донесена од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје распишува е Интерен конкурс за доделување на стипендија „Атанас Близнакоф“

Право да конкурираат имаат редовни студенти кои го имаат запишано најмалку трет семестар во учебната 2018/2019 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар. На секој факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се доделуваат по 5 стипендии. Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и се исплатува 10 месеци во студиската година почнувајќи од октомври заклучно до јули.

Критериумите за доделување на стипендиите се утврдени со Правилникот за начинот и критериумите за распределба на средствата од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за студентски стипендии бр. 12-276/2 од 15.2.2019 година.

Врз основа на пријавените кандидати, Факултетот донесува одлука за избор на 5 (пет) добитници на стипендија од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Изборот го потврдува Одборот на Фондација кој донесува одлука за потврдување на изборот на добитниците на стипендијата. Доколку за некој кандидат Одборот на Фондацијата на го потврди изборот, од Факултетот ќе побара нов предлог за стипендист од листата на веќе пријавените кандидати.

Деталите и конкурсот можете да ги погледнете тука.

Почитувани,

Во прилог можете да ја превземете поканата за „Денови на вашето милениче 2019“, настан кој ќе се одржи во сабота 11.05 и недела 12.05.2019 година организиран од Интернационалната ветеринарна студентска организација – Скопје

На 16.04.2019 година во организација на компанијата Гринагро се одржа семинар во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во оваа пригода претставуван од проф. д-р Драгослав Коцевски. На семинарот се диксутираше за употребата на синбиотици, хелатни материјали, закиселувачи и бетаин во исхраната на свињите и живината, како и за примената на биосигурносни мерки на фармите. Претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Ристо Проданов, проф. д-р Александар Додовски и научен соработник д-р Бранко Анѓеловски учествуваа како панел дискутанти каде што имаа свои излагања за контрола на црвената вошка во живинарските фарми и актуелната епидемиолошка ситуација со африканската свинска чума. Покрај тоа, одговараа на прашања и даваа практични совети на аудиториумот во кој најголем дел беа претставници од живинарски и свињарски фарми. Семинарот претставуваше добар пример за соработка меѓу академијата и стопанството што е и една од целите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Метаболизам на протеини, изработен од Климент Чакар, број на индекс 1196, на ден 08.05.2019 во 12.30 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Владимир Петков (ментор)
  2. проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ (член)
  3. проф. д-р Бранко Атанасов (член)

Продекан за настава,
проф. д-р Игор Улчар

Одлуката и известувањето можете да ги видите овде.

Резултати од континуирани проверки

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна