Огласна табла

Известувањa / Соопштенија

Наставно-научниот совет  на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 06.06.2019 година, ја усвои Рецензијата за оцена на докторската дисертација под наслов „Зголемување на криопрезервацискиот капацитет на ејакулатни медиуми за овчеполска праменка со употреба на семинална плазма и глутатион“ објавена во Билтенот на УКИМ бр. 1192 од 15.05.2019 година, стр.306-313.
Воедно беше закажана јавна одбрана на докторската дисертација на 02.07.2019 година, со почеток во 11:00 часот, во предавална 2 на ФВМ-С. Комисијата за одбрана на докторската дисертација е во следниот состав:
  • проф. д-р Владимир Петков (претседател),
  • проф. д-р Тони Довенски (ментор),
  • вонреден проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (член),
  • проф. д-р Јозеф Лауринчик (член) и
  • проф. д-р Данијела Кировски (член).

С О О П Ш Т Е Н И Е

          Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 27.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА ќе се одржи на 28.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 26.06.2019 год. со почеток во 10.оо часот.

Реколоквирање по предметите Општа патологија, Специјална патолошка морфологија и  Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 25.06.2019 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават за реколоквирање најдоцна до 24.06.2019 год.

Почитувани студенти ,

Пријавувањето на испити за август-септември ќе биде првата недела од јули од 01-05.07.2019 година.

Со почит,

Марија Николиќ
Советник за студентски прашања

„Наставно-научниот совет  на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, на седницата одржана на 10.05.2019 година, формираше Комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатот Мартин Николовски, ДВМ, со наслов ,,Зголемување на криопрезервацискиот капацитет на ејакулатни медиуми за овчеполска праменка со употреба на семинална плазма и глутатион“, во состав:

    • проф. д-р Владимир Петков (претседател),
    • проф. д-р Тони Довенски (ментор),
    • вонреден проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ (член),
    • проф. д-р Јозеф Лауринчик (член) и
  • проф. д-р Данијела Кировски (член).
  • Авторезимето на докторската дисертација на англиски јазик можете да го превземете на следниот линк (фајл: PhD resume text, Nikolovski, M., 2019)

Резултати од континуирани проверки

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна