На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ-С) се организирани студии по ветеринарна медицина, кои ја опфаќаат проблематиката на здравствената заштита на животните, особено за оние болести кои се пренесуваат од животните на луѓето, како и безбедноста на храната и ветеринарното јавно здравство. Овие студии се дизајнирани според правилата на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и Болоњската декларација, законските и подзаконските акти од областа на високото образование во Република Македонија, како и Статутот и другите акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чија интегративна единица е и ФВМ-С.
Студиите по ветеринарна медицина на ФВМ-С опфаќаат три студиски програми:
- интегрирани студии од прв и втор циклус по ветеринарна медицина (додипломски студии)
- докторски студии од трет циклус по ветеринарна медицина
- докторски студии од трет циклус по безбедност на храна
Сите три студиски програми се акредитирани од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија и имаат решенија за почеток со работа од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Решенијата можете да ги превземете на следните линкови: