Специјалистички стручни студии

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 2021 година ќе запишува студенти на едногодишните специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна“ (2 семестри – 60 ЕКТС).

Студиската програма е наменета за специјализанти од сите биомедицински и биотехнички професии со цел стручна надградба на знаењето, вештините и компетициите при производство и контрола на квалитет на храна, контрола на храна при увоз, за начините за преработка, пакување, диструбуција и малопродажба на храната и сл.

Специјализантите ќе бидат практично обучени во акредитирани лаборатории за примена на методите за анализа на безбедноста на храна согласно станардите на ИСО 17 025 во Инстутот за храна при ФВМС кој е инститиција со 175 акредитирани методи за анализа на квалитет и безбедност на храна и е водечка и единствена институција во државата од тој обем.

По здобивањето на современите и специјализирани знаења, вештини и компетиции специјалзантите се стекнуваат со универзитетска диплома и звање „Специјалист по безбедност и квалитет на храна“.

Студиите овозможуваат упис на студенти кои завршиле додипломски студии на Факултетот за ветеринарна медицина и сродните факултети од областите на биотехничките и биомедицинските науки како Факултетот за земјоделски науки и храна, Природно-математичкиот факултет, Технолошкиот факултет, Медицинскиот факултет, Фармацевтскиот факултет и сл., а се заинтересирани за усовршување и стручна работа од областа безбедност и квалитет на храна.

 

Дополнителни информации за студиската програма Безбедност и квалитет на храна“  можете да најдете овде.

За подетални информации можете дирекно да се обратите кај:

  • проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу  – Раководител на стручните специјалистички студии (zhajrulai@fvm.ukim.edu.mk)

Елаборатот за акредитација на студиската програма – специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна“ може да се види тука. 

Решението за акредитација на студиската програма од  Одборот за акредитација на високото образование може да се види овде.

Решение за почеток со работа на студиската програма специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна, издадено од Одборот за акредитација на високото образование може да се види тука.