На 14 март 2019 година во официјална посета на лабораториските капацитети на ФВМ-С престојуваа експерти на Светската Здравствена Организација (СЗО). Експертскиот тим беше од мисијата за надворешна евалуација за имплементација на меѓународниот здравствен правилник во соработка со Министерството за здравство и Светската здравствена организација, регионална канцларија за Европа. За време на мисијата тим од експерти од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје учествуваше во составување на одговори по прашалникот за Самоевалуацијата за меѓународниот здравствен правилник за поедини области со цел евалуација на здравствениот систем на Република Македонија. При оваа посета експертите од СЗО остварија средба со деканот на факултетот проф. д-р Лазо Пендовски и членови на деканатската управа и експерти од Факултетот задолжени за спроведување на активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Посетата беше искористена за преставување на лабораториските и техничките капацитети на ФВМ-С како интегрален дел од здравствениот систем на нашата земја. При посетата уште еднаш беше нагласено дека ФВМ-С во целост ги става на располагање својте капацитети за успешната имплементација на одредбите oд меѓународниот здравствен правилник со цел понатамошно унапредување на состојбите во државата.