Студентите од ФВМС учествуваа на „Ветеринијада 2019“ во Крањска Гора (Словенија)

Во периодот од 10 до 13 јули 2019 година делегација од студенти на ФВМС: Ивана Арсовска, Јане Влахов, Димитар Божиновски, Мартин Буровски, Борис Димитриевски, Елена Радевска и Неда Кузмановска учествуваа на меѓународните студенстки игри „Ветеринијада 2019“ кои се одржаа во Крањска Гора (Словенија), во организација на студентите од Ветеринарниот факултет во Љубљана. Нашите студенти ги придружуваа проф. д-р Игор Улчар и доц. д-р Бранко Атанасов. Во програмата на овогодишната Ветеринијада беа вклучени предавања одржани од професори на Ветеринарниот факултет во Љубљана, натпревари во футсал, посета на Националниот парк „Триглав“, како и завршен пикник. Сето ова беше проследено и со опуштено дружење помеѓу студентите од Скопје и Љубљана.