Одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците

Во рамките на овогодинешното одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје имаше учество со свој презентации. Имајќи го во предвид големото значење на антимикробната резистенција (АМР) и континуираното зголемување на резистентните соеви на бактерии во светот, Европа и кај нас,  потребно е да се запознаеме со состојбата во Република Македонија од аспект на примарното здравство како и употребата на антибиотиците во ветеринарниот сектор, кој има голем ефект врз здравјето и на луѓето, но и да се запознаеме со чекорите кои треба да се превземат во насока на контролата на развојот на АМР во Р. Македонија и Европа.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје Во врска со спроведувањето на одредбите од договорот за Ветеринарно јавно здравство-мониторинг на антимикробна отпорност за 2018 година од Програма за мониторинг и известување за антимикробата отпорност на зооностки и коменсални бактерии изврши акредитација на методот за тестирање на АМО со метод на микро-рзаредување во бујон според ИСО 20771-1 и 20771-2. Во рамки на настанот проф. Д-р Деан Јанкулоски, раководителна институт за храна имаше презентација на тема Тестирање на антимикроба отпорност на зоонотски и коменсални батерии, кои се изведуваат во Националната референтна лабораторија за АМО при ФВМС.