Одржана работилница за категоризација на одгледувалишта на молзни грла говеда според ризик со унапредување на квалитетот на суровото млеко

На 29 и 30.11.2018 на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија се одржа работилницата во рамките на акциониот план за категоризација на одгледувалишта на молзни грла говеда според ризик со унапредување на квалитетот на суровото млеко.

На работилницата беа поканети и учествуваа претставници од млекопреработувачките компании во државата како и инсекциската служба од Агенцијата за храна и ветеринарство.

На настанот ги обработуваше теми:

  • Акционен План за Категоризација на одгледувалишта на молзни грла според ризик со унапредување на квалитетот на суровото млеко и степенот на негова реализација
  • Категоризација на одгледувалишта на молзни грла според ризик со унапредување на квалитетот на суровот млеко и квалитет на суровото млеко според Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи
  • Земање на мостри и достава на мострите до лабораторијата за испитување за квалитет на суровото млеко
  • Маститис и неговото влијание врз квалитетот и хигиената на суровото млеко

По завршувањето на работилницата на сите учесници им беа доделени сертификати за учество.

Презентациите можете да ги видите подолу: