Во периодот од 02-04 мај 2017 година 5 студенти од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје беа стипендирани да учествуваат на 19-тиот Интернационален ветеринарен Конгрес за студенти во Истанбул, Турција. Студентите презентираа трудови од научни истражувања кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот, под менторство на наши професори.
Секој студент доби сертификат за учество на конгресот.