Известување за прекин на настава

Врз основа на заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, утврдени на седницата одржана на 10.03.2020 година, како и врз основа на Одлуката на Владата на РСМ, а со цел да се заштити здравјето на студентите и вработените и да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го запира одвивањето на наставниот процес во текот на наредните 14 дена – во периодот од 11 до 24.03.2020 година.

Известувањето од Факултетот можете да го видите тука.

Целото известување можете да го видите тука.