Известување – Универзитетската ветеринарна болница при ФВМ-С за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Почитувани сопственици на домашните миленици и наши клиенти корисници на услугите на Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со цел превенција од ширење на корона вирусот, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека во престојниот период Универзитетската ветеринарна болница ги превзема следните чекори:

  1. Универзитетската ветеринарна болница, во следниот период ќе работи со скратено работено време, за прием и преглед од 09-13 часот;
  2. При прием на пациенти, се молат сопствениците да го почитуваат редоследот во чекалната, каде не смее да престојуваат повеќе од еден пациент со сопственик;
  3. Ве молиме следете ги препораките на Владата на Р. Северна Македонија и Министерството за здравство, за ваша и наша заштита;
  4. На приемниот дел во Универзитетската ветеринарна болница поставени се средства за дезинфекција на дланките, Ве молиме следете ги упатствата за редовна примена и ваша хигиена;
  5. Доколку сте патувале во земјите со висок и среден ризик, Ве молиме да се воздржите од посета на УВБ, а доколку е неопходно Ве молиме следете ги наведените упатства;
  6. По земањето на основните податоци, прегледот, дијагностиката и спроведувањето на терапиите ќе се спроведува без присуство на сопственикот, освен во случаи кога тоа е неопходно;
  7. Предност за прием, преглед и хируршки интервенции имаат домашните миленици кај кои се забележани симптоми на:
  • Акутна траума/крварење/акутен абдомен/отворени скршеници
  • Сомнеж на труење
  • Тежок пород/пиометра/вагинално крварење
  • Гушење, отежнато дишење
  • Интензивно повраќање/дијареа пропратено со симптоми на општа слабост, особено кај млади животни на возраст до 1 година
  • Крварење од природните отвори (усна, носна празнина)
  • Потешкотии при уринирање и дефекација
  • Сомнеж за дилатација/торзија на желудник и страно тело
  • Епилептни напади/офталмолошки и невролошки итни состојби.

Ве молиме, за сите дополнителни информации, јавете се на следните телефонски броеви: 071/269-471 или 02/3240 785.

Почитувани сопственици и клиенти, Ви благодариме за разбирањето.

Известувањето можете да го превземете тука.