Известување за превземање мерки за превенција од ширење на Корона вирусот SARS-CoV-2

До:

Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Известување

за превземање мерки за превенција од ширење на Корона вирусот SARS-CoV-2

Врз основа на одлука на Деканатската управа број 0201-731/8 од 11.03.2020 година Кризниот штаб на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје за превенција од ширење на Коронавирусот SARS-CoV-2 на 6. состанок одржан на 23.04.2020 година ги донесе следниве мерки:

  1. Поради превенција од ширењето на Коронавирусот SARS-CoV-2, вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје се должни да носат посебна лична заштита на лицето (маска) во рамки на извршувањето на нивните работни задачи.
  2. Во лабораториите/клиника задолжително е носење на заштитна облека (мантил, маска, ракавици, скафандер, мантил за еднократна употреба и сл.) согласно утврдените процедури и безбедносни протоколи на ФВМС.
  3. Се задолжуваат Раководителите на институти/клиника да доделат заштитни маски на сите вработени кои се обезбедени од ФВМС.
  4. Се забранува влез, движење и престој на секое физичко лица кое влегува како посетител во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје без лична заштитна опрема согласно точка 1.
  5. Во лабораториите и на останатите работни места на ФВМС дозволено е минимално растојание од најмалку два метри од едно до друго лице.
  6. Се забранува групирање на вработените во лабораториите и другите работни простории во групи повеќе од 5 (пет) лица.
  7. Распоредот на работното време на Факултетот за веетринарна медицина-Скопје се утврдува со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа почнувајќи од 23.4.2020 година.
  8. Вработените на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје кои се работно ангажирани за времетраење на мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот SARS-CoV-2, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на согласност од Раководителот на институт/клиника и по одобрение од раководното лице на Факултетот односно Деканот.
  9. На вработените кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID – 19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Од Кризниот штаб

за превенција од ширење на вирусот Covid-19

Известувањето можете да го превземете тука.