На 20.4 и 21.4.2022 година во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ-С) се одржа обука за лабораториски методи за дијганостика, наменета за наставници од Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ од Куманово. Обуката беше реализирана во рамки на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ и имаше за цел учесниците да го надградат своето знаење за класичните и современите методи кои се користат во лабораториската дијагностика на заразните и паразитските болести кај животните, како и за значењето на ветеринарните дијагностички лаборатории во процесот на дијагностицирање на овие болести.
Обуката беше конципирана и реализирана од страна на професори и експерти од ФМВ-С кои имаат повеќегодишно меѓународно искуство во соодветните области.