Оваа година Студнеткиот парламент на Факултетот за ветреинрна медицина (СПФВМ) ќе организира настан „Ветеринијада 2018“ кој ќе се одржи во периодот од 04-07 јули 2018 година во Конгресениот Центар на Универзитет Св. Кирил и Методиј, во Охрид Р.Македонија.
„Ветеринијада 2018“ претставува едукативно-рекреативен собир наменет за студенти од Факултетите за ветеринарна медицина од регионот и пошироко.
Главни цели на овој настан се:
- Подобрување на соработка на студентите од ветеринарните факултети;
- Зголемена интеракција на релација професори – студенти;
- Проширување на едукативниот хоризонт во области на ветеринарната медицина за студнетите;
- Збогатување на досегашните стекнати знаења и искуства;
- Поттикнување на меѓусебната комуникација и интеракција помеѓу студенти од различните факултети.
Студентски Парламент на
Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
(СПФВМ-С)