Втор уписен рок за студенти на ФВМ-С во учебната 2018/2019

Пријавувањето на кандидатите за ВТОРИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, согласно Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година, ќе се одржи на 13 и 14ти септември 2018 година.

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во ВТОРИОТ уписен рок има слободни места за 17 студенти во редовна квота и 15 студенти со кофинасирање.

Слободни места за запишување на студенти на прв циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година

Пред поднесувањето на документите кандидатите задолжително треба да се регистритраат на електронски систем на IKNOW.

Поднесувањето на документи ќе се врши на 13 и 14ти септември 2018 година во службата на Студентски прашања (тел. +389 2 3240 774).

На ФВМ-С можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети.

Потребните документи за запишување на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје може да ги симнете тука.

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.