Делагација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски остварија официјална посета по повод 100 години од основањето на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот за природни науки и технилоги од Јелгава, Латвиа. Од името на вработените на ФВМС, деканот на свечената акедемија му честита на проф. д-р Каспарас Коваленко за постигнатите успеси на оваа престижната високообразовна институција полноправна членка на ЕАЕВЕ. Во кусото обраќање на акедимијата, деканот им посака искрени желби за иден развој и успех во научнитe и едукативни достигнувања, нагласувајќи го неодaмна потпишаниот договор за меѓусебна соработка кој во иднина ќе ја зацврсти соработката помеѓу двете институции.