Документи и уплати потребни при презапишување на предмети на ФВМ-С во академската 2018 / 2019 година

Презапишувањето ќе биде од 17-21.09.2018 г. Доколку студентот закасни со уписот, истиот ќе може да ги презапише предемтите и покасно но со казнена уплатница од 500,оо МКД.

ДОКУМЕНТИ

Пополнет формулар за упис на семестар со административна уплатница од 50 денари и статистички лист

Цел на дознака За Административна такса (образец пп50)

Назив на примач – Буџет на РМ – ФВМ-Скопје

Банка на примач – НБРМ

Сметка 100000000063095

Износ 50 денари

Уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313

УПЛАТНИЦИ

  1. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • образец: пп 50
  • цел на дознака: ИКСА на УКИМ (Факултет за ветеринарна медицина носител на студиска програма)
  • назив на примачот: Универзитет Св. Кирил и Методиј
  • депонент (банка на примачот): НБРМ
  • износ: = 750,00
  • сметка: 100000000063095
  • сметка на буџетски корисник: 1600103689 788  18
  • приходна шифра и програма 723012 41
  1. Потврда за уплатени 25 ЕУР паушал (во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на уплата) на жиро-сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (ФВМС)*
  • образец: пп 50
  • цел на дознака: Паушал
  • назив на примачот: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје
  • депонент (банка на примачот): НБРМ
  • износ: денарска противвредност на 25 EUR по среден курс на НБРМ на денот на уплата
  • сметка: 100000000063095
  • сметка на буџетски корисник: 1600104561 788  15
  • приходна шифра и програма: 723012 41

(НАПОМЕНА 1: Преостанатата сума до 25 ЕУР се уплаќа при упис во наредниот летен семестар).

2. Доколку студентот кој презапишува предмет(и) и има за преслушување на предмет или предмети (нема потпис од професорот), покрај горенаведениот паушал  на посебна уплатница треба да уплати и соодветна сума која зависи од предметот коj ќе гo преслушува а е дадена во ценовникот на Факултетот. Ценовникот можете да го погледнете на огласната табла и за подетални информации обратете се на студентски прашања. Податоците за уплата се исти како на претходната уплатница со следниве разлики:

  • цел на дознака: За презапишување на предметот …….. (наведи го предметот)
  • износ: Во зависност од предметот одн. сумата во ценовникот

3. Потврда за уплатени 300 денари за книжен фонд на ФВМС, на жиро-сметка на ФВМС. Податоците се исти како на претходната уплатница со следниве разлики:

  • цел на дознака: За книжен фонд на ФВМС
  • износ: = 300,00

4. Потврда за уплатени 200 денари за персонално осигурување (образец пп10)

Задолжително Име и Презиме и ЕМБГ

Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ

Банка на примач Комерцијална банка – Скопје

Трансакциска сметка 300000000915910

Износ 200 денари

Документот можете да го превземете тука.

                                                                                                          Продекан за настава,

      проф. д-р Игор Улчар