Потпишани договори за соработка помеѓу Факултетот за Ветеринарна Медицина од Скопје и Ветеринарниот Факултет од Сараево

Делагација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“’ во Скопје , предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски, Продеканите проф. д-р Ксенија Илиевска и проф. д-р Искра Цветковиќ и Раководителот на Институтот за храна проф. д-р Деан Јанкулоски, остварија посета на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина.

За време на посетата, деканите од двата Факултета, проф. д-р Лазо Пендовски (ФВМ-Скопје) и проф. д-р Мухамед Смајловиќ (ВФ-Сараево) потпишаа два билатерлни договори за унапредување на образовните, научните и апликативите активности на двете институции со посебен акцент на лабораториските услуги со што се продлабочува, зацвстува и потврдува соработката на двете институции во полето на ветринарната медицина.

Со договорите се опфаќа мобилноста на професорите, соработниците и студентите и се овозможува размена на експерти во врска со подготовката и реализацијата на евалуациските процеси што се спроведуваат согласно со стандардите на EAEVE (European Association of Establishments for Veterinary Education).

Договорите предвидуваат спроведување на специјалистички студии, заедничко создавање, развој и промовирање на иновативни едукациски програми, спроведување на перманентни курсеви, изработка на заеднички научноистражувачки програми и проекти од зеднички интерес од областа на ветеринарната медицина, а во таа насока и користење на програмите од Европската Унија.

Посебно за истакнување е што се договорите се опфаќаат аналитичките лабораторсики услуги кои се однесуваат на тестирање на аналити од опсегот на акредитација за ИСО 17025, тестирање на присуството на одредени супстанции кај животните и производите од животинско потекло, присуството на резидуи и контаминенти во храната, испитување на болестите кај животните а сето тоа согласно националното законодавство за ветеринарство и законодавството на ЕУ.

Потпишувањето на двата договора е потврда за стратешката соработка која постои помеѓу Факултетите во изминатите години, која добива се поголем интензитет и се продлабочува во областите на високото образование со што се воспоставуваат нови правци во насока на јакнење и подигнување на капацитетите на двата Факултета.