Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ Акција 1: Индивидуална мобилност за студенти и наставен кадар за летен семстар во академската 2018/2019 година

Се известуваат студентите и наставниот и соработнички кадар на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распиша конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност во летниот семестар на академската 2018/2019 година преку програмата ЕРАЗМУС+ K103.  Конкурсот трае до 1 октомври 2018.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • најмалку една препорака;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МОБИЛНОСТ НА НАСТАВЕН КАДАР:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

 Линк до конкурсот