Почитувани коминтенти
Особена чест и задоволство ни претставува што ни ја доверивте Вашата доверба за контролата на квалитетот и безбедноста на Вашите производи и производствени процеси. Со цел да ја унапредиме нашата соработка и доверба, а имајќи го притоа досегашното искуство, подготвивме и на располагање Ви доставуваме нова софтверска алатка e–dostava за пристап до записи од Вашите лабораториски услуги. За активација на Вашиот кориснички профил Ве молиме испратете ни порака на e–mail: contact@fvm.ukim.edu.mk. По оваа порака администраторите на системот ќе Ви испратат лозинка која ќе ја искористите при Вашето прво приклучување и веднаш под неа ќе ја внесете Вашата нова лозинка која треба да ја верификувате со повторно внесување во полето под лозинката и да го стиснете копчето зачувај. Потоа систем администраторот ќе го регистрира Вашето барање и за да го верификува истото ќе Ве контактира на контакт телефонскиот број кој ќе го доставите во вашиот меил. За да се логирате потребно е да се најавите на адресата https://edostava.fvm.ukim.edu.mk. Потоа во полето корисничко име ќе ја внесете Вашата електронска адреса на која ги добивате досега известувањата од тестирање кои се автоматски испратени од нашиот систем. Доколку сметате дека оваа електронска адреса ја користат и други лица, Ве молиме да не известите и да ни доставите Ваша нова електронска адреса до која ќе имате пристап само вие или лица за кои сметате дека безбедно ќе ги користат Вашите документи за лабораториските услуги. Со тоа Вашиот кориснички профил е активен и подготвен за користење. На екранот можете да изберете различни опции на прикажување на записите по датум, број на записник или барање. Достапни Ви се скенирани барања/записник за анализа, приемница која автоматски се генерира од Лабораториски Информативен Менаџмент Систем, известувањето за тестирање на македонски, албански или англиски јазик, како и резултатите од лаборатории со кои ФВМ-Скопје има договори за надворешни услуги. Би сакале да Ве поканиме да ја применувате оваа алатка за добивање на Вашите записи од лабораториски услуги со што значително ќе ја подобриме деловната комуникација. За сите наши ценети коминтенти користењето на оваа алатка е бесплатно.
За дополнителни информации, забелешки и сугестии Ве молиме да не контактирате.