Пендовски: Светот, а и ние истражуваме како болест која потекнува од животни, се пренесува само од човек на човек


Болеста COVID-19 е предизвикана од корона вирус кој  спаѓа во групата на РНК вирусите. Научното име на предизвикувачот на COVID-19 според Меѓународниот комитет за таксономија на вируси (ICTV) е SARS-CoV-2. Воопшто земено, инфекциите со коронавирусите се доста чести кај животните и предизвикуваат најразлични заболувања. Само неколку видови од коронавирусите можат да се пренесат од животно на човек и да предизвикаат болест, односно се т.н зоонотскивируси. Сепак треба да се нагласи и дека постојат многу видови од коронавирусите кои не се пренесуваат од животнте на луѓето и се типични за видот.

-Научните податоци потврдуваат дека вирусот SARS-CoV-2 потекнува од животни. Меѓутоа пренесувањето на болеста COVID-19 е единствено е од човек на човек. Генската секвенца на SARS-CoV-2 е многу идентична во својот профил со други слични коронавируси изолирани од лилјаци од фамилијата Rhinolophidae. Вирусот на COVID-19 може да се врзе на клеточните површински рецептори кои во својот состав имаат протеин познат како ACE2 и е присутен во клетките кај многу видови на животни.Сепак, до денес нема доволно научни докази кои го јасно го објаснуваат патот на пренесување на SARS-CoV-2 од животните кај луѓето и се претпоставува дека постои т.н „интермедијален домаќин” кој највероватно учествува во трансмисијата на вирусот кај луѓето.Во научниот свет се прават интезивни истражувања со кои ќе се потврди примарниот извор на болеста односно да се утврди како вирусот се пренел кај луѓето и да се утврди потенцијалната улога на животните како резервоар на оваа болест, вели за „Фокус“ професор Лазо Пендовски, декан на Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје.

Мачките имаат најизразени симптоми на Ковид 19 пренесени од сопственици

Според него неодмна се потврди дека кај одредени животникои имале близок контакт со заразени луѓе од COVID-19 се добиени позитивни наоди на вирусотSARS-CoV-2. Така, кај две кучиња во Хонг Конг кои не покажале специфични клинички знации каде нивниот сопственик бил хоспитализиран заради инфекција со COVID-19 во анализите од назалните, оралните и ректалните брисеви е утврден вирусот SARS-CoV-2. Исто така, неодмна на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Лиеж во Белгија е утврдена вирусна РНК на вирусот SARS-CoV-2 во фецес и желудечна содржина кај мачка со клинички знаци на респираторна болест. Мачката му припаѓала на лице позитивно на COVID-19. Постојат позитивни тестови и кај други видови на животни како што е првиот потврден случај на коронавирус кај 4-годишен тигар во САД  од зоолошка градина со клинички знаци на болест(сува кашлица и отежнато дишење). Се смета дека тигарот најверојатно е заразен од одгедувачот на животни во золошката градина кој бил позитивен на COVID-19 но бил асимптоматски случај.

-Лабораториските студии потврдуваат дека мачките се најподложни за инфекција со вирусот COVID-19. Исто такаинфицираните мачки имаат клинички симптоми кои се типични за заболувањето, пред се на респиратотниот систем. Но она што е најважно, се докажа во лабораториски услови дека мачките можат да ја пренесат инфекција на други мачки а инфекцијата воглавно се одвова преку респираторни капки. За разлика од мачките, кучињата се помалку подложни на инфекција иако се превени истражувања преку лабораторски инфекции кај мали кучиња кај кои после инкубација од една недела вирусот не е откриен, но сепак кај одредени кучиња се создал имунолошки одговор. Досега нема докази дека живината и свињите се подложни на инфекција вирусот SARS-CoV-2 и истите не заболуваат од COVID-19, објаснува Пендовски.

Засега нема докази дека миленичињата го пренесуваат Ковид 19, но мора да се почитуваат мерки

Тој тврди дека  во моментов нема докази кои потврдуваат дека домашните миленичиња, свињите, преживните животни, еквидите, рибите, живина и сл., или животинските производиможат да учествуваат во ширењето на болеста COVID-19. Сепак, иако коронавирусот може да преживее на површината на крзното кај животните и е во состојба да се пренесе преку респираторните капки, ризикот за оваа трансмисија е многу мал но сепак не е исклучен. Она што е сигурно е дека оваа пандемија исклучително се должи на блиски контакти меѓу луѓето односно единствен докажан пат на трансмисија на болеста е преку директен или индиректен контакт кај луѓето. Се верува дека инфекцијата на животните со вирусот на болеста COVID-19 може да има негативни импликации врз здравјето и благосостојбата на животните.

-Затоа, не постои никакво оправдување во не преземањето мерки кај домашните миленици кои можат да влијаат нивната благосостојба.Сопствениците на домашните миленици треба да се превземат одредени мерки на претпазливост во случај да биле позитивни SARS-CoV-2 односно доколку животните  биле во близок контакт со луѓе болни од COVID-19. Земајќи во предвид дека животните и луѓето многу често ги пренесуваат болестите (зоонотски заболувања) се препорачува луѓето кои се позитивни на COVID-19 да го намалат или да немаат контакт со домашните миленици. Заедничкиот престој да се сведе на минимум по можност во различни простории во домот а сопствениците на домашните миленици кои се инфицирано со вирусот SARS-CoV-2 со цел да не го пренесат вирусот на своите миленици, треба задолжително да применуваат мерки со засилена хигиенска пракса односно задолжително носење на маска за лице,миење на рацете пред и по допир со животните, да имаат смалени контакти со нивната храна, да нема споделување на храна и сл, вели Пендовски.

Повеќето вируси вклучувајќиги и коронавирусите, сепак, можат да бидат уништени и отстранети со употреба на најчести средства за дезинфекција и санитатори кои се користат во преработката на храна.

И докторите по ветеринарана медицина вршат тестирања за COVID-19

Според Пендовски улогата на докторите по ветеринарна медицина во пандемијата на COVID-19 е исклучитено важна. Tестирањето и детекцијата на коронавирусот SARS-CoV-2 којпредизвикува COVID 19 кај луѓето уште од почетокот на пандемијата во нашата држава се врши исто така и во Лабораторијата за молекуларна дијагностика на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во соработка и во договор со Министерство за здравство.

-Во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветринарна медицина секојдневно пристигнуваат случаеви на болни домашни миленици со респираторни симптоми. Секако од сомнителните случаеви се земаат брисеви и се тестираат на SARS-CoV-2. Досега не е утврдено присуство на коронавирусот на COVID-19 кај животните. Меѓутоа, како иснтитуција сме должни секој позитивен случај на SARS-CoV-2 вирусот кај животните (вклучително и информации за видот, дијагностичките тестови и релевантни епидемиолошки информации) задолжително да го пријавиме во Светската организација за здравје на животните (OIE). Важно е докторите по ветеринрана медицина и ветеринарната служба да функционира со полн капацитет и да се одржуваат активности за време на пандемијата (пр. надзор, вакцинација, мониторниг за појава на болести), да обезбедат основна ветеринарна нега кај животните во ветеринарните клиники, да функцкионира гранична ветеринарна контрола, континуирано се продолжи со следењето на безбедноста на храната и сл.Сето тоа треба да функционира преку концептот на „едно здравје“, кое е светска стратегија која претпоставува интерисциплинарна соработка и комуникација во сите аспекти за поголема грижа за здарвјето кај луѓето, животните и средината во која живееме се со цел за да се постигнат подобри резултати во јавното здравство, вели Пендовски.

Соња Танеска