Конкурс за доделување на средства за реализација на научно-истражувачки проекти на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Врз основа на член член 7 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Униврезитетски гласник УКИМ бр. 416 од 25 јануари 2019 година) и Одлуката бр.0202 – 1573/5 на Наставно-научниот совет на Фкултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје од седницата одржана на 07.11.2022 година,

Конкурсната комисија при Факултетот за ветеринарна медицина –Скопје објавува интерен

К О Н К У Р С

за доделување на средства за реализација на научно-истражувачки проекти на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

1.     Право на конкурирање

  • Право на апликација на научно-истажувачки проекти имаат лица избрани во наставно-научни и научни звања, вработени на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

2.    Финансирање

  • Средствата за реализација на проекти се доделуваат за финансирање на научно- истражувачки проекти на Факултетот и истите се третираат како интерни домашни проекти на Факултетот.
  • Висината на средствата на годишно ниво изнесува до 200.000 денари наменети за научно-истажувачки проекти и се третираат како Фонд за научно- истражувачка работа на Факултетот.
  • Висината на одобрените финансиски средства за финансирање на еден научно- истражувачки проект не може да изнесува повеќе од000 денари годишно.
  • Научно-истражувачкиот проект може да трае најмногу до 2 (две) години.
  • Годишниот буџет на научноистражувачки проект се распоредува соодветно на предложениот финансиски план во предлог проектот.
  • За меѓународни проекти кофинансирани од странска партнер-установа согласно Правилникот се доставува изјава за учество во проект заверени во архивата на установата – странски партнер и се потпишани од раководното лице на установата.
  • Раководителот-носител на проект задолжително доставува потпишана изјава за наменско трошење на средствата согласно предвидениот финасов план во предлог проектот.

3.    Услови за учество

  • Раководител на научно-истражувачки проект може да биде само вработен на Факултетот, избран во наставно-научно или научно звање и кој во последните пет години има објавено како автор или коавтор најмалку три научни труда во списанија со фактор на влијание или пет рецензирани научни труда во научно списание во кое трудовите кои се објавуваат подлежат на рецензија и кое е индексирано во најмалку една електронска база на списанија со трудови во Scopus или Web of Science (SCI – Science Citation Index).
  • Научноистражувачки работник може да биде раководител на еден научно- истражувачки проект.
  • Раководителот на проектот доставува изјава со која потврдува дека предложениот проект е оригинално дело, не е прифатен или пак е во фаза на реализација во друга институција/агенција/програма односно не бил финасиран од друга институција/агенција/програма и сл.

4.    Истражувачки тим:

  • Бројот на научноистражувачките работници кои се составен дел на истражувачкиот тим на проектот не може да биде помал од 5 (пет) учесници од Факултетот и тоа: главен истражувач со наставно-научно звање односно научно звање кој е вработен на Факултетот и кој е носител на проектот; најмалку еден истражувач/соработник во проектот со наставно-научно звање односно научно звање кој е вработен на Факултетот; најмалку два млади истражувачи во проектот со или без соработничко звање вработени на Факултетот; најмалку еден студент запишан и на прв и втор циклус на интегрирани студии на Факултетот со освоени најмалку 180 кредити или студент на трет цилкус на студии запишан на студиските програми на Факултетот;
  • Во реализација на проектот можат да бидат вклучени помошно-технички персонал, лаборанти и сл. и административен персонал;
  • Во реализација на проект може да бидат вклучени научноистражувачки работници од други истражувачки единици надвор од Факултетот (од земјата и странство) при што нивниот број не може да биде поголем од 2 (двајца) истражувачи.
  • други услови, согласно Правилникот

5.    Научни области

  • Предлог за научно-истражувачки проект може да се поднесува од сите научни полиња и области кои се застапени во рамките на научно-истражувачкиот процес на Факултетот.

6.    Времетраење на проектите

–     Проектите траат  една односно две години од моментот на потпишување на договорот за регулирање на правата и обврските за реализација на проектите помеѓу Раководителот на прифатениот проект и Факултетот.

7.    Рок за поднесување на предлозите

  • 30 дена од денот на објавување на Конкурсот на огласна табла и на интернет портал на ФВМС
  • Пријавите што нема да бидат доставени во предвидениот рок, некомплетните пријави, пријавите што не се усогласени со условите предвидени со овој Конкурс нема да бидат земени предвид во постапката за нивно оценување и прифаќање.

8.    Поднесување на предлозите

  • Поднесувањето на предлогот за научно-истражувачки проект, во електронска форма и во печатена форма во три примероци се доставува на посебен формулар (Анекс 1) преку архивата на Факултетот на македонски јазик (за интерни предлог-проекти) и/или англиски јазик (за меѓународнни предлог-проекти) потпишан и заверена од раководителот носител на предлог-проектот, како и од останатите учесници и институции во проектот.

9.    Kритериуми за оценување на предлозите

  • Предлог-проектите ги рецензираат рецензенти избрани од наставно-научниот совет на Факултетот а се оценуваат врз основа на следните критериуми:
    • придонесот во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
    • оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
    • компетентност на главниот истражувач;
    • компетентност на истражувачкиот тим;
    • вклученост и придонес во оспособувањето на млади истражувачи;
    • релевантноста на проектот во однос на утврдените цели;
    • исполнетост на матријално-техничките и други услови за реализација на проектот;
    • релевантност и конкурентност на проектот за меѓународна соработка;
    • остварливоста на предлог-проектот (финансиска конструкција, можности за примена на резултатите и сл.) ;
    • реалност на планираното време за реализација на проектот.
    • Секој од наведените елементи од став 1 на овој член за оценување независните рецензенти ги вреднуваат со оценка од еден (1) до пет (5).

10. Завршен извештај

  • Раководителот-носител на проектот е должен да достави годишен извештај за реализацијата на проектот и
  • Завршен извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот кој треба да се поднесе во рок од шест месеци од датумот на завршувањето на проектот.

11.  Задолжителни елементи за позитивно завршен научно-истражувачки проект

  • објавена или    прифатена    за    објавување    најмалку    една    публикација    во меѓународното научно списание „Македонски Ветеринарен Преглед”;
  • објавена или прифатена за објавување една публикација во списание со фактор на влијание од базата на Web of Science и
  • потрошените финансиски  средства  соодвествуваат  со  проектните  активности наведени во предлог проектот.

12. Адреса за поднесување на предлозите

  • Архива на Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Република Северна   Македонија тел:

+389 2 3240 700 , факс: +389 2 3114 619

е-пошта: contact@fvm.ukim.edu.mk, http://www.fvm.ukim.edu.mk

Конкурсна комисија

Документи за превземање: