Доделена “ЗЛАТНА ПЛАКЕТА” за Факултетот за ветринарна медицина – Скопје за допринос и унапредување на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград

Делагација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на 24 ноември 2021 година предводена од деканот проф. д-р Лазо Пендовски остварија официјална посета по повод 85 години од основањето на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград.

На  свечената академија ФВМ-С е одликуван со “ЗЛАТНА ПЛАКЕТА” за успешна соработка и допринос за развојот на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград.

Наградата на свечената академија ја прими деканот на ФВМС проф. д-р Лазо Пендовски, кој од името на вработените му честита на проф. д-р Милорад Мириловиќ декан на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград и на наговиот тим за постигнатите успеси на оваа престижна високообразовна институција, лидер во ветеринарната медицина во регионот и пошироко во југоисточна Европа.