На 20 јуни 2022 година деканот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје проф. д-р Лазо Пендовски потпиша Договор за билатерална соработка во областа на ветеринарната медицина со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина од Белград проф. д-р Милорад Мириловиќ и Договор за научна и техничка соработка со Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград преставуван од директорката проф. д-р Весна Ѓорѓевиќ.
Со потпишувањето на договорот со Факултетот за ветеринарна медицина од Белград се потврди и унапреди долгогодишната соработка помеѓу двата Факултета во областа на образовнието, науката и здравственат заштита на животните. Договорот опфаќа размена на наставници, научници и студенти, заедничко спроведување и унапредување на студиската програма по ветеринарна медицина според прописите на ЕУ, заедничко спроведување на специјалистички студии, развој на научни проекти, спроведување на перманентни курсеви за доктори по ветеринарна медицина и организација на конференции, работилници и летни школи.
Договорот за научна и техничка соработка со Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград ја унапредува соработката во лабораториските активности на двете институции и предвидува примена на заеднички научно-истражувачки, научно-технички, апликативни и развојни истражувања и тестирања со методолошки и образовни активности. Со договорот се воспоставуваат протоколи за изнаоѓање на взаемни научни и стручни решенија за проблемите поврзани со применети и развојни истражувања како и за заедничка научна и техничка соработка базирана на развој на методи за тестирања од апликативен и научен аспект.
Потпишаните договори се потврда за постоечката и успешна децениска соработка која постои помеѓу јавните институции во регионот а кои се витални за јакнење на државните капацитети кои се од јавен интерес и се есенцијални за развој на секоја држава.