Центарот за благосостојба при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје е овластена институција од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство да врши обука спроведува испит и да издава уверение за компетентност за возачите и надзорниците за превоз на живи животни и да врши обука на лица од собирни центри и добиточни пазари. Овластување од Агенција за храна и ветеринарство.
За таа цел Центарот за благосостојба на животните има изготвено програма за обука со која слушателите ќе се здобијат со соодветна стручна подготовка за основните постапки и методи на товарење, истоварање, превоз, сместување, фиксирање и ракување со животните. Обуката е наменета за лица кои вршат надзор на товарење истоварање, лица кои вршат превоз на живи животни како и за одгледувачите одговорни за подготовка на животните за транспорт. Обуката е во согласност со националната законска регулатива и основните правила за благосостојба кај животните.
Онлајн барање за обука на персонал за превоз на живи животни
* Барањето можете да го пополните онлајн или да го приложите на лице место во две копии. >>>Превземи барање<<<
** Во прилог треба да донесете копија од лична карта или скенирана да ја прикачите тука со барањето.
Повеќе информациите за постапката за регистрација и за термините за одржување на обуката и спроведување на испитот може да се добијат на е-маил: blagosostojba@fvm.ukim.edu.mk или на телефонскиот број: + 389 2 3240 700 локал 761 Раководител на центарот за благосостојба на животните Проф. д-р Влатко Илиески