VetNEST

VetNEST е мрежа на факултети/универзитети по ветеринарна медицина чија функција е билатералната и мултилатералната соработка меѓу факултетите за унапредување на наставниот процес, како и организирање меѓународна размена на студенти, наставен и соработнички кадар. Формирана е 1993 год. од ветеринарните факултети од Брно, Будимпешта, Кошице, Љубљана и Виена. Во 2003 год. кон оваа мрежа се приклучуваат и факултетите од Загреб и Вроцлав, а во 2006 членка на VetNEST станува и ФВМС, заедно со факултетите од Тирана и Сараево. Од неодамна на мрежата и’ се придружи и факултетот од Белград. Од академската 2004/2005 година меѓународната размена е финансиски поддржана од страна на Централноевропската програма за размена за универзитетски студии (Central European Exchange Program for University Studies – CEEPUS), врз основа на пријавите што се даваат секоја академска година. Членките на мрежата се состануваат еднаш годишно, и на тие собири се предлагаат и разгледуваат разни облици на соработка и проекти, и се планираат идните активности.
Моментално, во VetNEST мрежата членуваат следниве факултети/универзитети:

  • Универзитет за ветеринарни и фармациски науки, Брно, Чешка Република
  • Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот „Сент Иштван“, Будимпешта, Унгарија
  • Универзитет за ветеринарна медицина и фармација, Кошице, Словачка
  • Ветеринарен факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија
  • Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот за природни науки, Вроцлав, Полска
  • Универзитет за ветеринарна медицина, Виена, Австрија
  • Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот во Загреб, Хрватска
  • Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
  • Ветеринарен факултет при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина
  • Факултет за ветеринарна медицина при Земјоделскиот универзитет, Тирана, Албанија
  • Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград, Србија.

Повеќе информации можете да најдете тука.