Визија / Мисија

Генерална изјава

Со цел да се имплементира Системот за Квалитет по принципите на MКС ISO/IEC 17025:2018 стандардот, Факултетот за Ветеринарна Медицина изготви Прирачник за Квалитет кој ги содржи условите за кои членовите на персоналот треба да демонстрираат соодветна документација, техничка компетентност и стручност за спроведување на лабораториски тестирања. Раководството на ФВМС со потпис на Деканот недвосмислено потврдува дека сите вработени на ФВМС кои се вклучени во процесот на рутинското лабораториско тестирање мора да работат во согласност со правилата и регулативите од Прирачникот за Квалитет на ФВМС.

Сите вработени треба да се максимално посветени во земање активно учество во воведувањето, имплементирањето и одржувањето на системот за управување со квалитет на ФВМС како што е нагласено во Прирачникот за Квалитет. Сите членови на персоналот треба да знаат дека не се дозволени неовластени отстапувања од рутинските тестови кои се специфицирани во Прирачникот за Квалитет на ФВМС. ФВМС не го одделува квалитетот од секојдневната работа. Стриктна контрола на квалитетот не се изведува само за да се исполнат надворешните критериуми за контрола. Контролата на квалитет е интегрирана карактеристика на процесот на донесување одлуки при управувањето на лабораториите и праксата на ФВМС. Сите вработени се запознаени со Политиката за квалитет, составен дел од на Прирачникот за квалитет. Овој Прирачник за Квалитет е одобрен од страна на Раководството на ФВМС и ги наведува целите за квалитет кои институцијата мора да ги исполни.

Визија

ФВМС тежнее да биде меѓународно конкурентна акредитирана лабораторија која извршува лабораториски тестирања поврзани со контрола на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните како и нивната благосостојба во Р. С. Македонија. ФВМС на клиентите ќе им дава веродостојни резултати за сите мостри кои се тестираат во рамките на истиот, во согласност со најновите национални и меѓународни стандарди и законски регулативи. ФВМС ќе одржува високо ниво на доверливост и непристрасност кон клиентите за резултатите од тестирањето, како и конзистентно високо ниво на давање услуги во зависност од потребите на клиентите.

Мисија

ФВМС како високо-научна образовна институција со високо стручен кадар и современа опрема има капацитет континуирано да дава квалитетни и високо професионални услуги во областа на ветеринарната медицина, како во делот на лабораториските тестирања, така и во делот на образовните процеси. Персоналот на ФВМС е ориентиран кон навремено, професионално, непристрасно, доверливо и компетентно задоволување на барањата на клиентите, а во рамките на своите надлежности и законски норми.

Скопје, 20.01.2020 година