Списанија


Списанието „Македонски Ветеринарен Преглед“ (Mac Vet Rev) е меѓународна научна публикација посветена на унапредувањето и ширењето на научните сознанија на полето на ветерината и сродните академски дисциплини.
„Македонски Ветеринарен Преглед“ е официјална публикација на Факултетот за ветеринарна Медицина-Скопје кој е членка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тоа е меѓународно рецензирано списание со слободен, отворен пристап (Open access), кое се објавува два пати годишно. Списанието ги опфаќа сите научни и технолошки аспекти на ветеринарната наука како што се: анатомија, физиологија, биохемија, благосостојба на животните, фармакологија, токсикологија, микробиологија, патологија, јавно здравство, безбедност на храна квалитетот, паразитологија, заразни болести, клинички науки, репродукција на животни, ветеринарна економија, алтернативна ветеринарна медицина и другите биомедицински полиња.

Почнувајќи од 2010 година, Македонскиот Ветеринарен Преглед објавува статии исклучиво на англиски јазик, како печатена верзија (p-ISSN 1409-7621) и он-лајн електронска верзија (e-ISSN 1857-7415).

Списанието прифаќа прегледни статии, оригинални научни статии, кратки комуникации, прикази на случај, технички комуникации и клинички прегледи од областа на ветеринарните науки – базични, клинички, влијание на животната средина, хигиена на храната од животинско потекло, сточна храна, безбедност и квалитет на храната, здравствена заштита на животните, јавно здравство итн. Сите статии објавени во Македонскиот Ветеринарен Преглед подлежат на рецензија.
Повеќе информации за списанието можете да најдете тука.