Вежбални

За изведување на практичната настава на студентите им се на располагање вежбални (вежбална за хемија, биохемија, физиологија и патофизиологија; вежбална за микробиологија, заразни болести и болести на живина; вежбална за паразитологија; вежбална за фармакологија и токсикологија и вежбална за внатрешни болести), 3 училници за изведување на практична нaстава (микроскопска училница; училница за рентгенологија и компјутерска училница), 2 сали за секција (анатомска сала и обдукциска сала) и сала за анестезија и операција во склопот на Универзитетската ветеринарна болница.