Општи правила за соработка

Сите понудени услуги, договори и аранжмани со корисниците на услуги со Факултетот за ветеринарна медицина (во понатамошниот текст ФВМ-С) се обавува по следните услови:

Член 1

ФВМ-С извршува услуга на испитување во обемот на следните активности:

  • тестирање,
  • издавање известувања        од испитување.

Член 2

Тестирањето се изведува согласно:

  • техничките прописи, важечките национални и меѓународни стандарди,
  • сопствени методи,  процедури  и упатства.

Доколку корисникот има посебни барања, тестирањето ќе се изврши со примена на методи кои користат за утврдување на сообразност на предметот за тестирање, а се согласно со обемот на акредитација објавен    на    www.iarm.gov.mk    или согласно други референтни документи.

Член 3

Корисникот на услугите е обврзан навремено, со пишано барање за тестирање да ги обезбеди сите информации неопходни за обавување на тестирањето и е единствен кој одговара за точноста на информациите. ФВМ-С нема да ги разгледува барањата за тестирање од корисниците со кои се бара примена на застарени методи.

Член 4

Во случај ФВМ-С да не може самостојно да ги изврши бараните тестирања, за тоа ќе ангажира компетентен надворешен подизведувач на услугата тестирање за што претходно ќе го извести корисникот и ќе бара негово одобрување.

Член 5

Сите информации добиени или кои настанале во текот на лабораториската активност се сопственост на корисникот и се сметаат за доверливи. Доколку со закон се бара да некои доверливи информации се откријат пред други страни, ФВМ-С ќе ги предаде тие информации и за тоа ќе го информира корисникот, доколку законот не го забранува тоа.

Член 6

ФВМ-С ќе го извести корисникот за секоја неусогласеност или проблем кој се појавува за време на тестирањето, а е во врска со предметот за тестирање и ќе бара понатамошни упатства пред да се продолжи со работата. Доколку корисникот бара предметот да биде тестиран прифаќајќи ги отстапувањата од специфицираните услови, извештајот за тестирање ќе содржи изјава за оградување од одговорност, со посочување кон резултатите кои може да се под влијание на отстапувањето.

Член 7

ФВМ-С е одговорен за сите информации кои се даваат во известувањето  од  тестирање,  освен информациите добиени од корисникот. ФВМ-С оградува од одговорност за информациите од корисникот.

Член 8

Кога корисникот бара изјава за сообразност спрема спецификација или стандард за тестирање и во истото  не  е  пропишано  правило  на одлучување или истото не е пропишано поинаку во меѓународни регулативи ФВМ-С ќе примени специфично правило согласно барање Правила за одлучување. Специфичните правила за одлучување на клиентотсе договараат со лабораторијата предда започнат анализите. Доколку клиентот не наведе правило за одлучување ФВМС ќе го примени правило со заштитено прифаќање.

Член 9

ФВМ-С е одговорен дека неговиот персонал е компетентен, стручен и објективно го врши договореното тестирање. Во случај за рекламации, корисникот е обврзан да достави соодветни докази. Приговорите може да се достават на следната адреса:  contact@fvm.ukim.edu.mk.

Член 10

Овие Општи правила се составен дел од понуди/договори со корисници, јавно е достапен и правно обврзувачки. Со поднесување на барање за испитување корисникот на услугата потврдува дека е информиран со овие правила и се согласува со истите.

Документот можете да го превземете тука.

Декан

Проф. д-р Деан Јанкулоски