Акредитација

Во рамките на апликативната дејност на ФВМС функционираат добро опремени лаборатории кои задоволуваат различни барања према надворешни клиенти. Основна заложба на ФВМС е да се зголеми квалитетот на услугата, производството и тестирањето, а со тоа и задоволството на клиентите, како и националните и меѓународните законски барања на надлежните органи. Затоа, една од приоритетните заложби на менаџерскиoт тим на ФВМС е воведување на системи за менаџирање и контрола на квалитетот.

Системот за менаџирање со квалитет согласно интернационалниот стандард „MKC EN ISO/IEC 9001:2008” на ФВМС беше воведен и сертифициран на 02.05.2005 од страна на меѓународното тело за сертификација BSI (British Standard Institution- серт бр. FS 74597) и ресертифициран на 26.03.2008, со завршно времетраење до 1.03.2014.

ФВМС (Институт за храна и Ветеринарен инстут) е акредитаран од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија (сертификат бт. ЛТ- 006) со што се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот „МКС EN ISO/IEC 17025:2006” во областа на тестирање на прехрамбени производи, пијалоци, вода и испитување на болести кај животните.

Имплементирањето на интернационалниот стандард „МКС EN ISO/IEC 17025:2006” во Институтот за храна и Ветеринарниот институт на Факултетот за ветеринарна медицина, за клиентите на ФВМС значи гарант за веродостојноста на резултатите за сите мостри кои се тестираат во рамките на истиот. Тое е воедно и гарант дека тестирањата ќе се одвиваат во согласност со најновите национални и меѓународни стандарди и регулативи. ФВМС исто така одржува високо ниво на доверливост кон клиентите за резултатите од тестирањето, како и високо ниво на давање услуги во зависност од потребите на клиентите.

Акредитираните лаборатории на ФМВС се предложени да бидат “Национална Референтна Лабораторија” за контрола на Безбедност на Храна и мониторинг на резидуи, зоонози и антимикробиолошка резистентност, како што е предвидено во регулативата EC/882/2004.

Во својата визија и мисисја, ФВМС недвојбено изјавува дека ќе биде меѓуанродно конкурентна акредитирана лабораторија која извршува рутински тестови за контрола на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните, како и нивната благосостојба во Р. Македонија.

 

 

Сертификати