Катедра за внатрешни болести на миленици и копитари

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Внатрешни болести на домашни миленици и копитари

Студентот добива основни познавања од внатрешните заболувања на органските системи кај кучињата, мачките и еквидите. Основните познавања се однесуваат на заболувањата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, најчестите заболувања на гастроинтестиналните органи и црниот дроб, уринарниот систем и електролитниот дисбаланс, метаболните и невромускуларните заболувања и основните заболувања на кожата.

2. ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Внатрешните болести на домашните миленици и копитари е задолжителен клинички предмет.

3. ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Општа цел на предметот е да ги запознае студентите со основните заболувања на органските системи, нивните етиолошките причини, развој на клиничката слика, методите на основни и помошни дијагностички постапки и терапирањето. Секако дека меѓусебната зависност на промените кај различни органски системи е неопходен дел за запознавањето на развојот на различните органски промени кои можат и клинички да се манифестираат. Заедно со теориската настава, студентите во практичната настава се запознаваат со базичните методи на преглед кај заболувањата на различните органски системи, систематизирање на добиените наоди, нивно толкување. При вршењето на терапијата студентите го добиваат потребното искуство за развој и тек на заболувањето, реконвалесценцијата на животните и динамичкиот тек на испитуваните наоди добиени во текот на лекувањето.

4. ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во VII и VIII семестар со вкупен број на 150 часови, од кои 90 часови се теоретска настава и 60 часови се практична настава за студентите. 5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теориска настава: се изведува во предавални (голема група на студенти преку интерактивна дисксија) со користење на видо-бим, проекции на заболувања и понекогаш заболени пациенти.

Практична настава: се изведува во Клиниката за домашни миленици и копитари, во групи до 8 студенти, кои вршат прегледи на заболени животни, земаат биолошки материјал за испитување, толкуваат добиени резултати и спроведуваат терапија под надзор на асистент или професор.

Доколку некои студенти вршат континуирана терапија на одредени пациенти, може да подготвуваат свои прикази на случаи во вид на сопствена семинарска работа.