Центар за несакани дејства и информирање за ветеринарно медицински препарати

Центарот за несакани дејства и информирање за ветеринарно медицинските препарати ги врши следниве работи:

  • Сервисен центар на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија за спроведување на Програмата за следење на несаканите дејства од употребата на ветеринарно медицинските препарати (ВМП),
  • Организирано и редовно следење и откривање на несаканите реакции од употребата на БМП кај животните и луѓето, со база на податоци за евидентирање, научна евалуација и обезбедување на соодветност на новите информации за безбедноста на лекот или за испитуваниот лек, како и за односот ризик/корист од употребата на лекот или неговите интеракции со други лекови,
  • Организирано следење, евалуација и информирање за проблемите од изостанување на очекуваната ефикасност на ВМП, нивната неодобрена употреба, периодот и проблемите на прекратка каренца, појавата на резистенција и можните проблеми по животната средина, кои се јавуваат како резултат на употребата на ВМП,
  • Информирање и едукација на ветеринарните практичари за правилната употреба на ВМП од аспект на нивната рационална употреба преку континуирано образование.