Приемното одделение како единица на Ветеринарниот Институт при Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје се вклучува во научно-истражувачката и апликативната дејност во сите катедри и лаборатории на институтот. Неговата примарна цел е поврзување на секторите од применетата ветеринарна медицина во Македонија со современите научни методи и техники за дијагностика на болести. Во својата работа Приемното одделение применува софтверски системи кои извршуваат статиститчка обработка на спроведените испитувања во редовната дијагностика и контирнуираните истражувања.
Следејќи го текот на испитувањето на доставениот материјал за испитување од теренот до изведувањето на крајниот резултат, ова одделение има можност за мониторинг и интервенција во целата процедура при дијагностиката на болести. Приемното одделение преку својата работа обезбедува квалитетна континуирана имплементација на научното истражување и ветеринарната апликација во секојдневната пракса. Од особено значење за Факултетот на Ветеринарна Медицина во Скопје, е примената на информатичките технологии во ветеринарната медицина, односно оваа единица е една од ретките во Македонија која се занимава со интердисциплинарна примена на ветеринарните медицински науки и најновите инфроматички технологии, што претстува актуелен европски и светски тренд во соодветните науки. Сето ова претставува постојан предизвик за развој и унапредување во соодветните области при понатамошната работа на Приемното одделение.