1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА
Патологијата е наука која ги пороучува причините и природата на ефктите на болестите.
2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА
Патолошката морфологија е клинички предмет
3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретската настава по предметот Патолошка морфологија поделена е во два дела. Првиот дел ја опфаќа Општата патологија која се изучува во V семестар и воедно ги запознава студентите со патолошките процеси и патолошките состојби во организамот, што имаат за цел подобро да се разбере патогенезата на болестите. Додека, вториот дел од предметот се однесува на Специјалната патолошка морфологија која се изучува во VI семестар. Специјалната патолошка морфологија има за цел да ги запознае студентите со патолошко анатомските промени на сите органски системи. Со правилното утврдување на настанатите патолошко анатомски промени на студентите ќе им се олесни поставувањето на конечната дијагноза за смртта на животните.
Практичната настава исто така поделена е во два дела. Првиот дел (V семестар) има за цел да ги запознае студентите со основните карактеристики на патохистолошката дијагностика, односно со земањето и подготовката на материјалот за патохистолошка дијагностика, боењето на патохистолошките препарати, како и поставување на конечна патохистолошка дијагноза.
Вториот дел (VI семестар) има за цел да ги запознае студентите со опремата и начинот на изведување на обдукција на животните. За време на настава, секој студент ќе биде во можност да обдуцира различни животински врсти (преживни, непреживни животни, живина или егзотични животни) и истовремено самиот да ги уочи настанатите патолошко-анатомски промени и притоа да ја утврди причината за смртта на животното.
4.ИЗВЕДУВЊЕ НА НАСТАВАТА
Наставата се изведува во V и VI семестар, со вкупен број на 165 часови од кои 75 часа се теоретска настава и 90 часа се пректична настава за студентите.
5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите)
Практична настава: вежби (патохистолошка дијагностика во текот на V семестар и обдукација на животните во VI семестар)
Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа
Учебно помагало: Практикум за изработка на патохистолошки препарати и патохистолошка дијагностика.
СУДСКО ВЕТЕРИНАРСТВО И ВЕТЕРИНАРНА ЕТИКА
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: СУДСКО ВЕТЕРИНАРСТВО И ВЕТЕРИНАРНА ЕТИКА
Материјалот кој се обработува во предметот Судско ветеринарство и ветеринарна етика е поделен на правен, општ и специјален дел. Во него се обработуваат од форезнички аспект сите области на ветеринарната медицина и етика.
2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА
Судско ветеринарство и ветеринарна етика е базичен (задолжителен) предмет
3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретската настава од предметот Судска ветеринарна медицина и ветеринарна етика прави ситеза од сите предходно апсолвирани предмети од ветеринарниот студиум. Посебно внимание се посветува на болестите од форензички аспект, пред се на скриеноста, знатноста и траењето на болеста. Етиката во овој предмет се обработува од аспект на моралот и етичкото однесување на ветеринарните доктори при извршување на својата професионална дејност.
Практичната настава од предметот Судска ветеринарна медицина и ветеринарна етика ги запознава студентите со практична примена на законите во вршењето на секојдневната ветеринарна пракса и воедно ги запознава со кодексите на ветеринарно-медицинската етика.
4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА
Наставата се изведува во IX семестар, со вкупен број на 45 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.
5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите)
Практична настава: вежби
Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа.