Катедра за исхрана на домашните животни

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Исхрана на домашните животни

Предметот Исхрана на домашните животни има за цел да ги запознае студентите со општата карактеристика на растенијата и другите храни кои се користат во исхраната на домашните животни, нивната хранлива вредност и сварливоста. Изучување на потребите кај животните во хранливи и биолошки активни состојки, нивното дејство врз процесите во одржувањето на основните физиолошки функции и продукцијата, како и можноста за подмирување на потребите на што поедноставен, рационален и економски начин.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Исхраната на домашните животни е предклинички предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Практичната настава од предметот исхрана на домашните животни има за цел да ги запознае студентите со: земање на мостри, определување хемиски состав на храната, запознавање на храните и нивната хранлива вредност, составување на оброк (дажба) за разни видови и категории на животни.

Крајна цел на предметот исхраната кај домашните животни, е со соодветна исхрана, да се овозможи влијание врз квантитативното и квалитативното зголемување на безбедна храна за човекот (месо, млеко, јајца), како и добивање на квалитетни производи за понатамошна индустриска преработка (волна, кожа…).

4. ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во III и IV семестар, со вкупен број 120 часови од кои 60 се теоретска настава и 60 часа се практична настава за студентите.

5. МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: вежби и други облици на работа во помали групи.

Семинарска работа: литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер), презентација и дискусија за семинарската работа.