1. Дефиниција на предметот: Анимална хигиена
Анимална хигиена е научна дисциплина која се заснова на познавањата на физиолошките и етолошките потреби на животните, ги опишува условите потребни за одржување на здравјето и продукцијата на животните и ги проучува промените предизвикани од влијанието на непосредната околина со цел да добие информации за етиологијата и патолошкиот механизам на мултифакторијалните болести.
2. Предмет во ветеринарната медицина
Анимална хигиена е пред клинички предмет.
3. Цел на предметот
Основна цел на наставата по предметот анимална хигиена е стекнување на знаења за влијанието на околината и хигиенските услови врз здравствените и производните капацитети на животните. Со овој предмет студентите ќе обезбедат соодветен приод при анализата на падот на производството, абнормалното однесување и болестите кај животните во нивните комплексни интеракции со околината (животната средина) и истовремено да создадат поволни хигиенски услови во кои животните добро ќе се чувствуваат, одржувајќи го здравјето на највисоко ниво, а продукцијата и репродукцијата на животните максимално можно ниво при нивното одгледување и експлоатација.
4. Изведување на наставата
Наставата се изведува втори (ИИ) и трети (ИИИ) семестар, со вкупен број на 90 часови од кои 45 часа се теоретска настава и 45 часа се практична настава за студентите.
5. Методологија на предметот
Теоретска настава: интерактивни предавања во голема група со дискусија, презентации на студенти и нивно дополнително активирање Практична настава: вежби и други облици на работа во помали групи, посети на терен, домашни работи и презентации Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа