Катедра за хемија

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Хемија

Хемијата е природна наука која ги проучува својствата на супстанците, нивниот хемиски состав, промените што настануваат со нив и законитостите според кои се вршат тие промени.

2. ПРЕДМЕТОТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Хемијата е базичен предмет

3. ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главната цел на предметот е да ги запознае студентите со главните принципи на онаа материја, која е неопходна за формирање на современ доктор по ветеринарна медицина, односно материјата која ќе послужи како основа за сродните дисциплини.

Практичната настава има за цел да ги запознае студентите со основите на општа, неорганска и органска хемија, стекнување на знаење за хемиската структура на супстанците, промени и реакции кои се важни за ветеринарната медицина (квалитативна хемиска анализа, квантитативна аналитичка хемија, ацидиметрија, алкалиметрија, јодометрија, аргентометрија, перманганометрија, основи на хемиското пресметување).

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во I семестар, со вкупен број на 60 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 60 часа се практична настава со студентите.

5. МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во лабораторијата за хемија, биохемија и физиологија во помали групи каде студентите самостојно изведуваат најразлични типови реакции и интерактивно учествуваат во објаснување на принципот на реакциите, а ги совладуваат и основите на хемиското пресметување.