ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Заразни болести
Предметот заразни болести ги опишува заболувањата предизвикани од инфективни агенси и ги запознава студентите со начинот на нивно појавување, ширење, манифестирање, дијагностика, контрола и сузбивање.
2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА
Предметот заразни болести е задолжителен предмет.
3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ
Главна цел на предметот е да ги запознае студентите со карактеристиките на заразните заболувања и методите за нивна дијагностика. Покрај описот на болестите и начините за нивно дијагностицирање, во наставата се обработуваат и начините за сузбивање и контрола на заразните болести, како и националните и меѓународните правни рамки со кои се регулира контролата на заразните болести
4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА
Наставата се изведува во VII и VIII семестар, со вкупен број на 135 часови од кои 75 часа се теоретска настава и 60 часа се пректична настава за студентите.
5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).
Практична настава: интерактивна (предавања во голема група, презентирање на видео материјали и дискусија со ангажирање на студентите). Дел од практичната настава се изведува во Лабораторијата за микробиологија, во помали групи, каде на студентите им се демонстрираат, а потоа тие самостојно изведуваат дел од дијагностичките тестови за дијагностика на заразните болести.
Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.
ВЕТЕРИНАРНА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Ветеринарна епидемиологија
Ветеринарната епидемиологија е наука која ги изучува факторите кои условуваат појавување на болест во популацијата и ги опишува моделите на нивно појавување.
2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА
Ветеринарната епидемиологија е задолжителен предмет.
3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ
Наставата има за цел студентите да сфатат кое е значењето и важноста на квантитативното изучување на една болест во популацијата при дополнување на знаењето за нејзината етиологија, дијагностика и контрола, било да се работи за поединечни животни или пак стада. Притоа, целта на наставата е студентите да стекнат елементарни познавања за главните принципи и аналитички техники кои се користат во епидемиолошките студии.
4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА
Наставата се изведува во VII семестар, со вкупен број на 30 часови од кои 15 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.
5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ
Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).
Практична настава: вежби и други облици на работа во помали групи.
Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија за семинарската работа.