Катедра за биологија и патологија на пчели, риби и ловен дивеч

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биологија и патологија на пчели

Оваа научна дисциплина има за задача да ги запознава студентите со основите на биологијата на видот Apis melliffera mellliffera и со технологијата односно одгледувањето со патологијата односно болестите, превентивата, дијагностиката како и терапијата и сузбивањето односно искоренувањето на болестите.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биологијата и патологијата на пшелите е предмет кој спаѓа во клички предмети.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со значењето на пчеларството со неговата директна (пчелните производи како мед, полен, пчелен отров, матичен млеч, прополис и восокот) и индиректната корист која преставува опрашувањето на ентомофилните растенија. Понатака, биологијата на видот со анатомија и морфологија, размножувањето, приборот, алатот и опемата односно типови на современи живеалишта, технологијата на пчеларење, селидбено пчеларење и т.н. Понатака цел на проушувањето на предметот има за задача проучување на вирусните, бактериските, паразитските болести, болестите предизвикани од габи, труења на пчелите, непријатели и штеточини. Во текот на практичната работа на пчелраникот студентот треба да се обучи со практичните вештони во апикултурата а во лабораториска работа студентите се стекнуваат со базични искуства во дијагнозата на болестите.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во VIII семестар, со вкупен број на 45 часови од кои 15 часа се теоретска настава и 30 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за биологијата и патологијата на пчелите во помали групи каде студентите самостојно изведуваат најразлични типови на вештини.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

БИОЛОГИЈА И ПАТОЛОГИЈА НА РИБИ
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биологија и патолгоја на риби

Научната дисциплина Биологија и патологија на риби претставува значајна тема за проучување во ветеринарната медицина која се бави со проучување на биологијата на рибите, одгледувањето, технологијата, исхраната, болестите и терпијата на истите.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биологија и болести на дивеч е задолжителен предмет во додипломските студии.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Биологја и болести на рибите е запознавање со воведните и основни сознанија за основната на аквакултурата и рибарството воопшто. Студентите ги изучуваат видовите риби, нивната анатомија и морфологија, типовите на аквакултури, исхраната, размножувањето, болестите на рибите до труењата и болести со неспецифична етиологија. Практичната работа овозможува на студентите да се запознаат со принципите и начинот на одгледување, размножување, дијагностика и терапија на болестите.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во VII семестар, со вкупен број на 60 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 30 часа се прaктична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува на терен и во лабораторија.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биологија и патологија на пчели

Оваа научна дисциплина има за задача да ги запознава студентите со основите на биологијата на видот Apis melliffera mellliffera и со технологијата односно одгледувањето со патологијата односно болестите, превентивата, дијагностиката како и терапијата и сузбивањето односно искоренувањето на болестите.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биологијата и патологијата на пшелите е предмет кој спаѓа во клички предмети.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со значењето на пчеларството со неговата директна (пчелните производи како мед, полен, пчелен отров, матичен млеч, прополис и восокот) и индиректната корист која преставува опрашувањето на ентомофилните растенија. Понатака, биологијата на видот со анатомија и морфологија, размножувањето, приборот, алатот и опемата односно типови на современи живеалишта, технологијата на пчеларење, селидбено пчеларење и т.н. Понатака цел на проушувањето на предметот има за задача проучување на вирусните, бактериските, паразитските болести, болестите предизвикани од габи, труења на пчелите, непријатели и штеточини. Во текот на практичната работа на пчелраникот студентот треба да се обучи со практичните вештони во апикултурата а во лабораториска работа студентите се стекнуваат со базични искуства во дијагнозата на болестите.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во VIII семестар, со вкупен број на 45 часови од кои 15 часа се теоретска настава и 30 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за биологијата и патологијата на пчелите во помали групи каде студентите самостојно изведуваат најразлични типови на вештини.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

БИОЛОГИЈА И БОЛЕСТИ НА ДИВЕЧ
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биологија и болести на дивеч

Научната дисциплина Биологија и болести на дивеч претставува значајна тема за проучување во ветеринарната медицина која се бави со проучување на биологијата на дивите видови животни со посебен осврт на ловниот дивеч, одгледувањето, технологијата, прихраната, болестите и терпијата на истите.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биологија и болести на дивеч е задолжителен предмет во додипломските студии.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Биологја и болестите кај дивечот е запознавање со воведните и основни сознанија за основната на ловствотовоопшто. Студентите ги изучуваат видовите на дивеч, нивните анатомски карактеристики, зконската регулатива, класификацијата на дивечот, проучувањето на поедини видови дивеч, болестите и нивните карактеристики, ловна кинологија, ловна балистика, трофеите кај дивечот, инциденти и повреди при ловот, и др. Практичната работа овозможува на студентите да се запознаат со принципите и начинот на одгледување, размножување, користење односно ловење, дијагностика и терапија на болестите.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во IX семестар, со вкупен број на 60 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 30 часа се прaктична настава за студентите.