1. Дефиниција на предметот: Вовед во хигиена на храната.
За време на студиите катедрата има за цел да ги запознае студентите со потенцијалните ризици по безбедноста на храната како и сите прашања кои се од значење за ветеринарното јавно здравство.
2. Предмет на Ветеринарна едукација:
Се изучува како задолжителен предмет во V -та година од студиите.
3.Цел на предметот:
Целта е да се воведат студентите во основните принципи на хигиената на храната,квалитетот безбедноста и технологијата на прехранбените производи како и суровините и материјалите кои доаѓаат во контакт со храната. Покрај другото студентите ќе се запознаат со главните микроорганизми кои влијаат врз хигиената на храната, резидуи и контаминенти како и микробиологија и хемија во конзервирање на храната.
Во текот на практичната настава студентите ќе се запознаат и со видовите на микробиолошки лабораториски тестирања на храната како и детекција и идентификација на главните патогени микроорганизми со потекло од храната.
Важен дел од наставата е и запознавање на студентите со националното и европското законодавство кое ги засега сите правила и прописи во однос на хигиената и безбедноста на храната.
4. Изведување на настава
Наставата се изведува во VIII семестар од студиите со вкупно 60 часови од кои 30 часови теоретска и 30 часови на практична настава.
5. Методологија на предметот
Теоретскиот дел на наставата вклучува усмена презентација на наставниот план со интерактивно учевство и активно вклучување на студентите во обработка на материјалот кој треба да се совлада за време на семестарот.
Практичната настава се изведува комбинирано во микробиолошката лабораторија за тестирање на храна каде студентите меѓу другото се запознаваат со постапките и медиумите кои се користат за засејување на примероците од храна,читање на добиените резултати, и запознавања со основните начела на процедурите за безбедност на храната ISO и HACCP системот за безбедност на храната.
1. Дефиниција на предметот
Контрола на хигиената и технологијата на месо,риби,јајца,мед и нивни производи
2. Предмет на ветеринарна едукација
Се изучува како задолжителен предмет во V-та студиска година.
3. Цел на предметот
На овој предмет студентите треба да се квалификуваат да ја определат и констатираат безбедноста и квалитетот на прехранбените производи од месо, риби, јајца, мед и нивните производи. Во рамките на овој предмет студентите се запознаваат и со видовите и формите на расипување на производите од животинско потекло како и методите за оценка на безбедноста и квалитетот според важечките стандарди за безбедност на храната како што се GMP, GHP и HACCP.
Студентите ја учат базичната технологија за производство на продуктите од животинско потекло, а се со цел потребно ниво на квалификуваност за оценка на безбедноста и квалитетот на производите.
4. Изведување на наставата
Наставата се изведува во IX семестар од студиите со вкупно 105 часови од кои 60 часови се теоретска настава и 45 часови се практична настава.
5. Методологија на предметот
Теоретскиот дел на наставата претставува комбинација од излагање на комплетната наставна содржина која ја покрива предметот со активно учество на студентите за полесно совладување на материјата.
Практичниот дел на наставата се изведува во лабораториски и теренски услови. Во лабораторија се изведуваат бактериолошки и хемиските испитувања на производите од животинско потекло, додека во кланиците посебен акцент е даден на интегрираниот начин на контрола за спреоведување на правилата за ветеринарно-санитарна инспекција на производите од штала до трпеза.
1. Дефиниција на предметот
Контрола на хигиена и технологија на млеко, производи од млеко и храна од растително потекло.
2. Предмет на ветеринарна едукација
Претставува задолжителен предмет кој се изучува во V-та студиска година.
3. Цел на предметот
Целта е воведување на студентите во проблематиката на безбедноста, нутритивното влијание по здравјето на луѓето и инспекцијата и контрола над производството и дистрибуцијата на млекото, производите од млеко и хр
аната од растително потекло. Целите на предметот се квалификување на студентите за констатирање на безбедноста и квалитетот на овие прехранбени производи вклучувајќи ги добрата производствена практика (GMP), добрата хигиенска практика (GHP) и HACCP системите.
Студентите се запознаваат со базичните технологии, земање на примероци за лабораториски анализи, изведување на бактериолошки, хемиски, токсиколошки анализи и следливоста на квалитетот на храната.
4. Изведување на наставата
Наставата се изведува во IX семестар од студиите со вкупно 60 часа од кои 30 часови се теоретска настава и 30 часови се практична настава.
5. Методологија на предметот
Теоретската настава е интерактивна во вид на предавање на голема група со дискусија и ангажирање на студентите за сите видови на соджини на наставните единици предвидени во програмата на овој предмет.
Во практичната настава се содржани лабораториски вежби во помали групи со дополнителна со дополнителна изработка на семинарска работа со користење на стручна литература изготвување на есеи и постери,презентација и дискусија за семинарската работа.
Составен дел на практичната настава претставува и посета капацитети за производство и преработка на млеко и млечни производи и запознавање на целокупниот технолошки процес за нивно производство.