Лабораторијата за контрола на квалитет на храна е акредитирана лабораторија според ISO 17025 стандардот и е овластена за вршење на анализи и суперанализи на храна и добиточна храна. Има современа опрема за мерење и испитување, како и инфраструктура за правилно и сигурно изведување на испитувањата. Во лабораторијата се врши контрола на квалитетот на храната од животински и растително потекло, контрола на квалитет на добиточна храна, контрола на квалитетот на вино и мед, како и контрола на квалитет на вода за пиење и вода која се користи во производство.
Испитувањата на исправноста на храната се врши според важечките законски прописи и правилници кои што го одредуваат квалитетот на храната и добиточната храна. Во лабораторијата се извршуваат следниве анализи:
1. Млеко и млечни производи
- Протеини (Kjeldahl метода)
- Масти (Gerber- метода)
- Маст во сува материја
- Содржина на влага
- Вкупни суви материи
- Шеќери
- Лактоза
- Киселински степен
- Одредување на нутритивна вредност
2. Месо и производи од месо
- Протеини (Kjeldahl метода)
- Масти
- Содржина на влага
- Сува материја
- Определување на вкупен пепел
- Содржина на сол
- Содржина на нитрити (колориметриска метода)
- P2O5
- Одредување на нутритивна вредност
3. Добиточна храна
- Определување на содржина на азот и калкулација на содржина на сурови протеини (Kjeldahl метода)
- Определувње на содржина на масти
- Содржина на влага
- Определување на суров пепел
- Определување на соджина на фосфор (спектрофотометриски)
- Определување на содржина на калциум
- Целулоза
- Определување на енергетска вредност
4. Храна од растително потекло
- Протеини (Kjeldahl метода)
- Определување на содржина на масти
- Содржина на влага
- Сува материја
- Определување на вкупен пепел
- Содржина на сол
- Скроб
- Определување на вкупни шеќери
- Определување на киселински степен
- Определување на содржина на диететски влакна
- Одредување на нутритивна вредност
5. Вино
- Содржина на редуцирани шеќери
- Определување на испарливи киселини
- Слободен SO2
- Вкупен SO2
- Вкупна титрациона киселост (потенциометриски)
- Содржина на вкупен сув екстракт
- Вкупна алкохолна јачина
- Содржина на пепел
- Густина и специфична тежина
6. Мед
- Електрична спроводливост
- Пролин
- Хидроксиметилфурфурол
- Редуцирани шеќери (гравиметриска метода)
- Определување на активноста на инвертаза
- Киселост (титриметриска метода)
- Содржина на вода
- Содржина на минерални материи
- Сахароза
- Содржина на гликоза (титриметриска метода)
- Содржина на фруктоза
- Определување на содржина на амоњак
- Определување на содржина на нитрити
- Определување на содржина на нитрати
- Потрошувачка на KMnO4
- Хлориди
- Резидуален хлор
- Вкупна тврдина
- Алкалитет
- Карбонатна тврдина
- Определување на содржина на сулфати