Новите трендови во ветеринарната практика наложуваат современа лабораториска дијагностика од областа на:
- ветеринарната хематологија и хемостаза,
- ветеринарната клиничка биохемија,
- уринализа,
- ендокринологија, и
- цитологија и преглед на телесни течности.
Лабораторијата е опремена со најсовремена опрема за лабораториска клиничка дијагностика, а услугите и дејностите во оваа лабораторија се наменети за изведување на:
- рутински анализи на клиничките пациенти
- соработка со ветеринарните амбуланти кои имаат потреба од вакви услуги,
Со изработувањето на лабораториските испитувања и со толкувањето на резултатите од нив факултетот остварува стручна и деловна соработка со клиентите, со ветеринарните амбуланти, со фармерите и со сточарите.
Лабораторија овозможува:
- брза, лесна и рутинска дијагностика на болестите кај малите и кај големите животни,
- подигање на нивото на клиничката практика, и
- воспоставување систем за здравствена контрола.
Во лабораторијата се имплементирани:
- современи аналитички методи според стандардните оперативни постапки, и
- високо ниво на услугите на пазарот.
Покрај рутинските анализи, во оваа лабораторија:
- се зголемени и се зајакнати капацитетите на научно-истражувачката работа,и
- е овозможена реализацијата на научно-истражувачките проекти.
Во лабораторијата работи обучен и стручен персонал кој своето знање и искуство го стекнал во светски познати и признати лаборатории.
Запазени се стандардните оперативни постапки околу:
- начинот на земање на примероците,
- нивното пакување,
- проследувањето до лабораторија,
- начинот на чување, и
- манипулацијата со примероците.
Лабораторијата е отворена за меѓународна соработка со светски реномирани лаборатории, со други факултети и институции кои се занимаваат со истата проблематика, како и за размена на знаење и искуства со нив.